Со големо задоволство известуваме дека на 13 јули се одржа четвртата Продажна Конференција на Флекс Кредит, во хотел Метропол во Охрид. На конференцијата Флекс Кредит најави дека компанијатата има планови да прерасне во холдинг, кој ќе понуди повеќе услуги на нејзините потрошувачи.
Во склоп на холдингот на Флекс Кредит веќе се најде новата наплатна агенција ,,НАН’’ која веќе започна со работа. Истата ќе понуди одлични услуги и ќе биде добра алтернатива за сите правни лица во државата. Понатаму ќе следат и останати компании кои ќе понудат одлични услуги за сите граѓани.
Конференцијата ја отвори Ко-Сопственикот Горан Арсов, кој со своето инспиративно излегување ги поттикна присутните да размислуваат за нови начини на професионален развој и унапредување. Со споделување на своите искуства и успеси, Арсов ги охрабри вработените да се стремат кон постојано усовршување и иновативност во својата работа. Неговите совети и визија за иднината беа длабоко инспиративни и ги мотивираа сите присутни да продолжат со својата посветеност во остварувањето на целите на Флекс Кредит.
Директорката Јоана Спасовска продолжи со инспиративниот говор, најавувајќи многу новитети на кои Флекс Кредит работи напорно. Таа ги информираше присутните за плановите на компанијата, вклучувајќи го и прераснувањето на Флекс Кредит во холдинг. Оваа трансформација претставува значаен чекор во развојот на компанијата и отвора нови можности за раст и проширување на пазарот.
Настанот, кој секоја година претставува ,,празник” за вработените беше одбележан со доделување на награди на вработените кои постигнаа исклучителни резултати во продажбата и значително придонесоа за развојот на Флекс Кредит. Вработените, кои беа наградени со патување во странство, беа инспирација за сите присутни со нивната извонредност и мотивација во остварување на нивните цели.
Кулминацијата на конференцијата беше одличната забава со конгите и Антонија Гиговска, која ни овозможи да ја прославиме нашата четиригодишна извонредност во пријатна и релаксирана атмосфера. Забавата беше одличен завршеток на успешниот ден, при што сите присутни уживаа во музиката, танцот и дружењето.
Флекс Кредит останува посветен на обезбедување на врвни финансиски услуги и на градење на силни и доверливи односи со нашите клиенти и партнери. Оваа конференција беше одлична прилика да се потсетиме на нашите постигнувања и да ја истакнеме нашата посветеност на идниот раст и развој.
Им благодариме на сите што присуствуваа и допринесоа за успехот на овој значаен настан. Вашата поддршка и учество се од големо значење за сите нас во Флекс Кредит.
Со почит,
Тимот на Флекс Кредит