Политика за приватност

Правила за заштита на личните податоци во FlexCredit

Нашата цел е да обезбедиме највисоко ниво на доверливост и безбедност на личните податоци на посетителите на нашата веб-страна.
Овие правила за заштита на личните податоци ги објаснуваат начините преку коишто ги заштитуваме личните податоци на нашите посетители, како и сите информации коишто ни се доставени. Правилата за приватност можат да бидат дополнувани или менувани со специфични услови кои имаат поврзаност со веб-страната.

Кои податоци може да ги собираме?

  • Име и презиме;
  • Единствен матичен број;
  • Е-маил;
  • Телефонски број;
  • Адреса од лична карта или адреса на престој;
  • Копија од личен документ за идентификација;
  • Статус на вработување;
  • Месечни приходи;
  • Дополнителен извор на приходи и износ;
  • Изјава за носител на јавна функција.

Го задржуваме правото да побараме дополнителни документи при разгледување на барање за кредит.

Податоците на нашата веб-страна се преземаат и обработуваат на следните начини:

  • Со внесување во апликацијата за кредит од страна на посетител на нашата веб-страна;
  • Преку посета и користење на други ресурси на нашата веб-страна;
  • Преку нашите вработени, со директно информирање преку телефон/е-маил или регистрираниот профил.

Како ќе се користат податоците?

Податоците кои ќе ни ги доставите ќе бидат запишани електронски и може да се користат за следниве цели:

  • Потврдување на Вашиот идентитет и проценка на Вашата кредитна способност врз основа на доставените податоците;
  • Откривање и спречување на секаква измама, перење на пари и други криминални активности;
  • За маркетинг цели и информирање за нови производи и услуги;
  • За статистички цели;
  • За да контактираме со Вас.

Сите податоци кои ги оставаат посетителите на нашата веб-страна или ги даваат преку директна комуникација на нашите вработени, ни овозможуваат да обезбедиме корисни информации во врска со нашите производи или услуги. Сите обезбедени податоци може да се користат за исполнување на договорните обврски помеѓу страните. Доколку направиме одредени промени на веб-страната, податоците што ги давате може да се користат за да Ве информираме за таквите промени. Посетителот кој одбива да даде согласност за користење на неговите/нејзините податоци на Флекс Кредит или на трети лица, му/ѝ се нуди опција да забрани употреба на личните податоци.

Чување на личните податоци

Збирките на податоци се чуваат на уреди лоцирани во рамки на ЕУ. Информациите кои ги чуваме може да се споделуваат помеѓу вработените, со што се обезбедува обработка и складирање на овие податоци. Со користење на оваа веб-страна, давате согласност за пренос и складирање на ваквите податоци.

Податоците се чуваат во безбедни центри за податоци и секој пренос на податоци е шифриран, заради Ваша безбедност. Испраќањето на податоци преку интернет не е целосно безбедно. Сепак, Флекс кредит гарантира дека ги презема сите разумни мерки за заштита на информациите што ги доставувате по електронски пат преку Вашиот профил.

Посетителот на веб-страната е одговорен за податоците кои ги испраќа електронски. Може да Ви биде дозволен пристап до делови од нашата веб-страна, за кои е потребна лозинка. Одговорни сте за безбедноста и доверливоста на Вашите лозинки.

Обработка и пренос на лични податоци

Во определени случаи, постои можност да ги направиме достапни Вашите податоци, но само на субјекти кои се поврзани со нас, а кои обезбедуваат исто ниво на заштита со нивото кое го обезбедува Флекс Кредит.

Со користењето на нашата веб-страна, се согласувате дека откривањето на податоци на трети лица може да биде, меѓу другото, и во следниве случаи:

  • Во случај на законски основано барање од трети лица, вклучувајќи ги и државните органи;
  • Во случај на спречување на потенцијални или постоечки активности за финансирање на тероризам или прекршувања на правилата за перење на пари;
  • За целите на проценка на Вашата кредитоспособност – се откриваат информации на давателите на слични услуги, како и на соодветните јавни институции и невладини организации;
  • При собирање на податоци за кредити или во случај на други долгови;
  • Во случај на продажба на Флекс кредит или на дел од него.

Линкови до веб-страните на трети страни

Нашата веб-страна може да содржи линкови до веб-страните на трети лица. Овие веб-страни имаат сопствени правила за заштита и користење на личните податоци, коишто ги прифаќате кога ја посетувате соодветната веб-страна. Не преземаме никаква одговорност за наведените веб-страни на третите лица.

Контакт со Вас

При посетата на оваа веб-страна и давањето на Вашите лични податоци и информации за контакт, се согласувате да ги добивате нашите комерцијални понуди, на некој од Вашите уреди за комуникација, преку било кој достапен дистрибутивен канал. Притоа, имате право да побарате од нас да престанеме да Ви испраќаме пораки на е-маил или друг комуникациски пат во секое време.

Пристап до информации

Во согласност со важечките законски одредби, имате право да барате:

  • Да Ви се достават информации за обработка на лични податоци;
  • Да се запре обработката на личните податоци;
  • Да се дополнат, изменат или избришат информации за обработка на личните податоци.

I. Видео надзор

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што фд Флекс Кредит ДОО Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од Вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци? Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

  • да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
  • за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
  • да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица. Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

Камерите за видеонадзор се инсталираат во деловните простории и филијали на контролорт и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање).

Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на:: влез и излез од деловните простории, внатрешен простор на продажни места-филијали, пултови за апликација, исплата на кредит, сеф, техничка опрема.

2. Какви податоци собира Контролорот? Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

3. Кој е одговорен за обработка на податоците? Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, раководителот на Одделот за Корпоративна безбедност е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените цели):

  • заштита на животот или здравјето на луѓето,
  • заштита на сопственоста,
  • заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата
  • обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезот и во просториите на Флекс Кредит ДОО Скопје, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

5. Кој може да ги види моите лични податоци? До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор, или ангажирани надворешни компании за одржување на системот за видео надзор или физичко обезбедување врз основа на склучен договор.

Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).

6. Како да ги контролирате вашите податоци? Може да испратите барање преку филијалите на контролорот или на веб страната www.flexcredit.mk.

7. Можам ли да пристапам до моите податоци? Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање преку филијалите на контролорот или на веб страната www.flexcredit.mk.

8. Можам ли да ги менувам моите податоци? Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци? Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање преку филијалите на контролорот или на веб страната www.flexcredit.mk, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

10. Дали можам да ги избришам моите податоци? Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање преку филијалите на контролорот или на веб страната www.flexcredit.mk.

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица? Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

12. Дали имам право на приговор? Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање преку филијалите на контролорот или на веб страната www.flexcredit.mk., кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

13. Што можам да направам во случај на проблем? а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до [email protected], и да побарате да преземе акција. б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на маил адресата [email protected]. Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор? Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

15. Безбедност на личните податоци Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци? Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци не подолго од 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

Износ: 40,000 денари
Рок: 6 месеци