Регистрирај се
Гарантираме дека одговорно ќе ги чуваме Вашите податоци и Вие ќе бидете меѓу првите известени во врска со сите наши новитети и активни кампањи.
1. ФД Флекс Кредит ДОО Скопје со регистрирано
седиште (и адреса за доставување) на
ул. Интернационални Бригади Бр. 15, зграда 1, влез 2, кат 7, Гази Баба,
1000 Скопје, Република Македонија, со ЕМБС7422369,
регистриран во Трговскиот регистар и регистарот на други правни
лица во Централниот регистар на Република Македонија е-маил:
[email protected], тел:13505, во понатамошниот текст ДАВАТЕЛ
НА КРЕДИТ во Прилог 1, составен дел на ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТ –
„Фикси“.
2. Оваа верзија на Општите услови, исто така, е достапна на веб
страната (видете, дефиниција подолу).
1. За целите на овие Општи услови:
Закон за заштита на податоци – Законот за
заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на
Република Македонија бр. 7/2005, изменет),
Граѓански законик – Закон за облигациони односи
(објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001,
изменет),
Договор – ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ – Договорот, со
сите прилози кон истиот, а доколку е наложено со контекстот,
овој поим значи документ на договор за потрошувачки кредит,
Кредитна контрола – процес на процена на
кредитната способност на Корисникот на кредит, проверка и
ревизија на можноста за враќање на Кредитот,
Камата – износ на каматата која треба да се
плати на Давателот на кредит како надомест за користење на
парите на Давателот на кредит,
Кредит – ИЗНОСОТ НА КРЕДИТОТ (како што е
дефинирано во Договорот) префрлен на Корисникот на кредит од
страна на Давателот на кредит,
Општи услови – овие Општи услови,
Веб страна - веб страната на Давателот на
кредит, www.flexcredit.mk,
Датум на отплата – денот на кој Корисникот на
кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите други
плаќања,
Македонски закон за потрошувачки кредити –
Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки
кредити на Република Македонија (објавен во Службен весник на
Република Македонија бр. 51/2011),
Кредитно биро – Македонското кредитно биро АД
Скопје, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, кат 5, Скопје, кое
работи врз основа на Законот за Кредитно биро (објавен во
Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, изменет),
Застапник – лице овластено од Давателот на
кредит за склучување на договори за потрошувачки кредит во
негово име и за негова сметка,
Апликација – Апликација за одобрување на Кредит
кое Корисникот на кредит го доставува до Давателот на кредит,
како што е наведено во член 2.(1).2) од Договорот,
Кредит за рефинансирање – има значење како што
е дадено во член 10 точка 6 подолу. Страни – има значење како
што е дадено во Договорот.
1. Давателот на кредит одобрува Кредит на Корисник на кредит
откако ќе ги исполни сите долунаведени услови:
а) откако Корисникот на кредит ќе ги исполни услови опишани во
член 4 точка 1 дадени подолу,
б) откако Корисникот на кредит ќе достави Апликација до
Давателот на кредит и истата ќе биде одобрена,
в) откако Корисникот на кредит ќе го прифати и потпише Договорот
и неговите прилози,
г) откако на Давателот на кредит ќе му бидат обезбедени копии од
документите наведени во член 6,
д) откако Давателот на кредит ќе ја утврди кредитната способност
на Корисникот на кредит,
ѓ) откако Корисникот на кредит ќе добие позитивен кредитен
резултат од кредитната контрола извршена од Давателот на кредит.
1. За аплицирање за склучување на Договор за кредит со
Друштвото, барателот на кредит треба да ги исполнува следниве
услови:
- да е физичко лице над 18 години, со статус на потрошувач
согласно член 2, точка 1 од Закон за потрошувачки кредити,
- да е државјанин на Република Северна Македонија, кој има
постојано живеалиште на територијата на Република Македонија,
- да има деловна способност да склучива правно обврзувачки
договори,
- да поседува важечка лична карта,
- да поседува сопствена трансакциска сметка во банка
регистрирана во Република Северна Македонија,
- да има редовни приходи врз основа на договор за вработување,
сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или
други приходи од други извори, со соодветен доказ,
- е способен да го врати Кредитот заедно со сите други плаќања
на Давателот на кредит
- да не е носител на јавна функција или лице поврзано со носител
на јавна функција по дефиниција од Законот за спречување на
перење пари и финансирање на тероризам
2. За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати
по вина на Корисникот на кредитот, Давателот на кредит не сноси
одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар
на Корисникот на кредитот.
3. Одобрувањето на Кредитот зависи од успешната потврда на
Апликацијата и проценката на кредитниот ризик. Давателот на
кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит на Корисникот
на кредит врз основа на информациите содржани во неговата база
на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради
негативната проценка на кредитниот ризик на Корисникот на
кредит, Давателот на кредит ќе го извести Корисникот на кредит
за резултатот од проверката и за информациите поврзани со
барателот на кредит содржани во соодветните регистри, со
исклучок кога давањето на соодветните информации е забрането или
спротивно на важечкото законодавство.
1. Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот се
вршат:
а) преку застапник во текот на лична средба со Корисникот на
кредит;
б) преку препорачана пошта;
в) преку телефон или порака;
г) преку е-маил;
2. Адресата на Давателот на кредит за сите дописи е ул. Даме
Груев бр.5/8-кат 5 1000 Скопје, 1000 Скопје, Република
Македонија.
3. Давателот на кредит го задржува правото да ги сними и чува
телефонските повици со Корисникот на кредит во врска со
извршувањето на Договор и/или наплатата на износите кои
Корисникот на кредит му ги должи на Давателот на кредит според
Договорот.
4. Во согласност со член 10, став 2, точка 9 од Закон за
потрошувачки кредити, Корисникот на кредит има право, во текот
на важноста на Договорот, на негово барање да добива
амортизационен план за тековниот Кредит.
5. Давателот на кредит не одговара за предизвикани штети на
Корисникот на кредит, настанати како резултат на проблеми во
работењето на мобилните оператори, паѓање на системот, доцнење
за испраќање на текстот и/или губење на текстуална порака.
1. Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на Давателот на
кредит копии од документите потребни за проверка на кредитната
способност на Корисникот на кредит.
2. Документите наведени во член 6, точка 1 се:
a) копија од Лична Карта – двете страни,
б) копија од последен извештај за годишен приход,
в) копија од банкарски извештај за последниот календарски месец,
ако нема извештај, сметка од потрошена електрична енергија
(фактура за ДДВ) издадена пред најмногу 3 месеци пред датумот на
поднесување на Апликацијата за Кредитот која содржи адреса на
Корисникот на кредит,
г) копија од договор за вработување,
д) документ за примање на пензија,
1. По успешно склучување на Договорот за кредит, Давателот на
кредит го реализира паричниот износ на одобрениот кредит
преку:
- трансфер на трансакциската сметка наведена од
барателот/корисникот на кредитот, или
- исплата на износот на кредитот од страна на Давателот на
кредит на Корисникот на кредит во готовина во просториите на
Давателот на кредит или кај овластените кредитни посредници на
Давателот на кредит.
2. При исплата на износот на кредитот во готовина, Корисникот на
кредит е должен да презентира важечки документ за лична
идентификација (лична карта или пасош), согласно регулативата за
Спречување на перење пари и финансирање тероризам, при што
Давателот на кредит преку неговиот застапник има право и обврска
да задржи копија од документите за лична идентификација.
1. Корисникот на кредит е должен да врши отплата на кредитот
заедно со сите пресметани камати и трошоци во согласност со
утврдената временска рамка за отплата од склучениот Договор за
кредит.
2. Датумот на отплата е датумот на кој Корисникот на кредит ќе
ги плати сите финансиски средства што ја сочинуваат месечната
отплата на вкупниот ануитет според член 3, точка 1 - 1 од
Договорот на застапникот и, по оваа отплата, застапникот, во име
и за сметка на Давателот на кредит му дава на Корисникот на
кредит доказ за плаќањето со што го потврдува плаќањето и
салдото на долгот.
3. Доколку, Корисникот на кредит врши отплати преку трето лице,
Корисникот на кредит дозволува Давателот на кредит да му предаде
податоците за Корисникот на кредит содржани во овој документ на
лицето кое извршило плаќање во име на Корисникот на кредит,
вклучено, особено, информации за можноста за враќање на
обврските според Договорот и историјата на плаќање.
4. Во случај кога Корисникот на кредит ќе изврши плаќање кое е
во спротивност со Општите услови како и Договорот за кредит, и
поради тоа таквото плаќање не биде правилно идентификувано од
страна на Давателот на кредит, таквото плаќање нема да се смета
за валидно се до моментот на неговата идентификација и истото ќе
има третман на задоцнето плаќање, а Корисникот на кредитот ќе ги
сноси сите последици од задоцнетото плаќање.
5. Во случај на делумни отплати на обврските од склучениот
Договор за кредит, од износот на извршените уплати најпрво се
отплаќаат договорните и останатите трошоци, потоа редовната или
договорената камата и на крај главнината на кредитот.
6. Редоследот на засметување од претходниот став ќе се применува
во сите случаи на исполнување, без оглед на евентуална идна
изјава и намера на корисникот бидејќи редот на засметување е
предвиден во овој договор и ќе се почитува во сите случаи на
исполнување.
1. Доколку Корисникот на кредит не плати доспеан износ според
овој Договор, Давателот на кредит ќе ги има правата, како што е
предвидено во член 8 од Договор и во следните точки од овој
член.
Давателот на кредит го информира и предупредува Корисникот на
кредит, дека при задоцнување со плаќањето на Рата за отплата на
кредит, спрема него може да се преземат сите дејствија во
согласност со овие Општи Услови, склучениот Договор за кредит и
важечкото законодавство.
2. Покрај сите други права на Давателот на кредит според
Договорот и овие Општи услови, во случај на доцнење над 90 дена
со плаќањето на некој доспеан износ, Давателот на кредит има
право да покрене постапка пред надлежен суд за спроведување на
своите побарувања во однос на Корисникот на кредит.
3. Во случај на доцнење над 90 дена со плаќање на некој доспеан
износ, Давателот на кредит има право да преземе дејство за
наплата на своите побарувања.
4. Според Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на
Република Македонија бр. 81/2008, со сите негови измени),
Давателот на кредит има право да достави информациите за
обврските на Корисникот на кредит до Кредитното биро, што може
да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит.
Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното
биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на
кредит и Кредитното биро и врз основа на член 10 и 14 од Законот
за Кредитно биро.
5. Покрај сите други права на Давателот на кредит според
Договорот и овие Општи услови, Страните се договорија дека во
случај на доцнење со плаќањето на Давателот на кредит на
најмалку два ануитета, како што е наведено во амортизациониот
план во член 3.(1).4 од Договорот, Давателот на кредит има право
да го раскине Договорот во рок од 14 дена по доставување на
известувањето испратено по препорачана пошта на адресата на
Корисникот на кредит.
1. Корисникот на кредит има право, целосно или делумно, да го
врати кредитот пред завршување на периодот на важност на
Договорот во било кое време без известување.
2. Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот, точка 2
се применува мутатис мутандис; каматната стапка (член 3.(1).6A
од Договорот) може да се наплати само пропорционално на дотогаш
изминатото време и на предвремено вратениот износ.
3. Доколку, по целосната отплата на кредитот и другите обврски
на Корисникот на кредит доспеани за плаќање на Давателот на
кредит, останат средства кои треба да му се вратат на Корисникот
на кредит, Давателот на кредит ги враќа истите во договорен
период меѓу страните на Корисникот на кредит преку застапник.
4. Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот,
Давателот на кредит ќе изврши повторна пресметка на каматата и
ќе му достави на Корисникот на кредит ажуриран амортизационен
план, при што дел од каматата што треба да се намали заради
предвременото враќање извршено од страна на Корисникот на кредит
целосно ќе биде одбиена од износот на следниот доспеан ануитет,
во согласност со правилата предвидени во овој член. Ако износот
на намалената камата е поголем од оригиналниот износ на
ануитетот (како да не било извршено предвремено враќање на дел
од кредитот) останатото одбивање ќе се изврши од следниот
ануитет. Ако одбивањето поврзано со предвременото плаќање го
надминува неподмирениот кредит плус сите такси, Давателот на
кредит е обврзан во договорен период меѓу страните да го врати
износот што е вишок на Корисникот на кредит.
5. Предвременото враќање, исто така, може да се изврши преку нов
кредит даден од страна на Давателот на кредит на Корисникот на
кредит („Кредит за рефинансирање“). Кредитот за рефинансирање
може да се одобри само за цело (а не за делумно) враќање на
постојните долгови на Корисникот на кредит кон Давателот на
кредит од тековниот кредит; се применува член 9 точка 2.
Кредитот за рефинансирање не може да биде предмет на
последователно рефинансирање.
6. Не се наплаќа провизија за делумно или целосно предвремено
враќање на кредитот.
1. Корисникот на кредит има право да се повлече од Договорот во
рок од 14 дена од датум на склучување со доставување до
Давателот на кредит соодветна писмена изјава во образец даден во
Прилог 2 од Договорот и со доставување на адресата на Давателот
на кредит наведена во член 5, точка 2 од овие Општи услови.
2. Во случај на повлекување од Договорот, Корисникот на кредит е
обврзан да го врати целиот износ на дадениот кредит без никакво
одлагање (а најдоцна во рок од 30 дена од дадената изјава за
повлекување), заедно со акумулираната камата до времето на
враќањето; Корисникот на кредит нема да сноси дополнителни
трошоци или провизии.
3. Во случај ако Корисникот на кредит не достави до Давателот на
кредит писмената изјава, како што е наведено во точка 1 од
истиот член, ако Корисникот на кредит го врати целиот износ на
дадениот кредит заедно со акумулираната камата до периодот на
враќањето во рок од 14 дена кои му се достапни на Корисникот на
кредит да се повлече од Договорот, се смета дека Корисникот на
кредит се повлекол од Договорот од датумот на враќањето.
4. Во случај на враќање во согласност со точка од 1 до 3 дадени
погоре, Договорот Престанува да важи
1. Со доставување на податоци од страна на Корисникот на кредит,
истот се согласува Давателот на кредит да врши обработка и
ажурирање на неговите лични податоци, да ги користи со цел да
врши проверка и верификација на истите, да ги користи при
анализа и процена на кредитната способност на барателот на
кредит за наплата на долг, како и во други случаи предвидени со
закон. За сите останати цели, користењето на личните податоци ќе
биде во согласност со изјавата дадена од страна на Корисникот.
Друштвото се обврзува да ги заштити личните податоци за
корисникот на кредитот, согласно законските прописи, интерните
акти и правила на Друштвото за заштита на личните податоци.
2. Со прифаќање на овие Општи услови, Корисникот на кредитот е
согласен со правото на Давателот на кредит да ги користи како и
да ги пренесува неговите лични податоци (вклучително и ЕМБГ) на
трети правни лица со кои Давателот на кредит има склучено
Договори за пренос на податоци со цел ажурирање на наплатата во
име на Давателот на кредит, пропишана во член 9 точка 3 (во
случај опишан во член 9 точка 3).
1. Корисникот на кредит може да поднесе приговор со допис до: на
адресата на ФД Флекс Кредит наведена погоре.
2. Доколку по добиениот одговор, Корисникот на кредит не е
задоволен од истиот, тој/таа може да се жали на одлуката, во
писмена форма, повторно до Давателот на кредит, наведувајќи ги
своите аргументи и давајќи нови информации кои треба да се
разгледаат.
1. Правата и обврските на Корисникот на кредит според Договорот
не може да се пренесат без претходна писмена согласност на
Давателот на кредит.
2. Правата и обврските на Давателот на кредит според Договорот
не може да се пренесат без претходна писмена согласност на
Корисникот на кредит, освен во околностите предвидени во член 9
точка 3 погоре.
1. Покрај правото на раскинување, предвидено во член 9 точка 5
од овие Општи услови, Давателот на кредит има право да го
раскине Договорот без период на раскинување со препорачано писмо
испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку
Корисникот на кредит, за да го добие Кредитот, доставил лажни
документи или изјави и/или (прикрил некоја состојба која би била
од важност за склучување на Договорот за кредит)
2. Корисникот на кредит има право да го раскине Договорот без
период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса
на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит (преку
застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети
според амортизациониот план од член 3.(1) од Договорот.
3. Во случај на раскинување според член 9 точка 5 или член 15
точка 1 од овие Општи услови, Кредитот заедно со акумулираната
камата до датумот на реалното враќање веднаш доспева за плаќање.
Крајниот износ кој треба да го плати Корисникот на кредит како
резултат на раскинување од страна на Давателот на кредит според
член 9 точка 5 или член 15 точка 1 од овие Општи услови ќе биде
наведен од страна на Давателот на кредит во известувањето за
раскинување.
4. Во случај на раскинување според член 15 точка 2 од овие Општи
услови, износите кои остануваат да се платат со датуми на
плаќање (датумите ќе бидат исти како што се оригинално дадени во
член 3.(1),4 од Договорот) од страна на Корисникот на кредит
како резултат на негово раскинување на Договорот според член 15
точка 2 од овие Општи услови ќе бидат пропишани од страна на
Давателот на кредит во известување за порамнување испратено до
Корисникот на кредит со препорачано писмо во рок од 10 дена по
датумот на раскинувањето.
Трошоците за присилна наплата на побарувањата на Друштвото
паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.
Давателот на кредит не презема одговорност спрема Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврските содржани во овие Општи услови, кои се резултат на виша сила (пожари, поплави, војна, саботажа, природни непогоди, штрајкови, терористички напади, земјотреси и сл.).
1. Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи
услови се неважечки или неисправни, останатите одредби
остануваат на сила. Договорот или овие Општи услови може да се
изменат и дополнат само со претходна взаемна писмена согласност
на двете Страни.
2. Одредбите од македонските закони се применуваат на Договорот
и неговите прилози, особено:
- Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на
Република Македонија бр. 18/2001, изменет)
- Законот за заштита на потрошувачите при договори за
потрошувачки кредити на Република Македонија (објавен во Службен
весник на Република Македонија бр. 51/2011)
- Законот за заштита на лични податоци (објавен во Службен
весник на Република Македонија бр. 7/2005, изменет),
3. Договорот и овие Општи услови се потпишани во два идентични
примероци, еден за Корисникот на кредит и еден за Давателот на
кредит.
4. Надзор врз работењето на Друштвото врши Министерството за
финансии на Република Северна Македонија со адреса на седиште на
ул. Интернационални Бригади Бр. 15, зграда 1, влез 2, кат 7, Гази Баба, 1000 Скопје