Тарифник

Согласно член 19-а став 5 од Законот за финансиски друштва (Сл. весник на РСМ бр. 169/2010; 53/2011; 112/2014; 153/2015; 23/2016; 173/2022; 154/2023) ФД ФЛЕКС КРЕДИТ ДОО Скопје од 29.07.2023 година стапува на сила следниот:

ТАРИФНИК НА ФД ФЛЕКС КРЕДИТ ДОО СКОПЈЕ

Реден број Вид на надоместок Висина
1. Провизија за администрирање на кредитот, која ги опфаќа услугите на Давателот на кредит поврзани со администрирањето на одобрениот кредит до датумот на отплата, а кои се однесуваат на водење на кредитното досие, смс пораки и/или телефонски комуникации/известување на Корисникот на кредитот за прашања поврзани со кредитот, со исклучок на известувања или опомени за задоцнување при плаќање. до 45% од сумата на одобрениот кредит
2. Експресно одобрување на кредит: можност клиентот да избере неговата апликација за кредит да се процесира со приоритет (експресно процесирање), во рок од 30 минути од комплетирањето на потребната документација за одлучување по апликацијата 15% од сумата на одобрениот кредит

* Под надоместоци во смисла на овој Тарифник се подразбираат сите трошоци кои потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот, изразени како процент или во апсолутен износ, а кои произлегуваат од договорот за потрошувачки кредит, со исклучок на трошоците настанати во постапката за извршување и законската казнена камата (ЗКК), а во смисла на член 19-а став 2 од Законот за финансиски друштва.

**Под надоместоци во смисла на овој Тарифник не се подразбираат трошоците кои влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) со кои потрошувачот е задолжен во смисла на одредбите за СВТ уредени со Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити ( Сл.весник на РСМ бр.51/11, 145/15, 23/16, 20/19 и 122/21)

*** Надоместокот за останати активности – советување поврзано со одобрување на кредити и изнајмување на подвижен и недвижен имот на трети лица, вклучувајќи и оперативен лизинг ФД ФЛЕКС КРЕДИТ ДОО Скопје ќе ги објави во посебен Тарифник на својата веб страна.

Износ: 40,000 денари
Рок: 6 месеци