Пет години FLEX CREDIT: Јубилеј во знакот на растот и луѓето кои стојат зад него
Со повеќе од 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit низ Македонија, како и 40 филијали на Земи Пари, денес како Flex Group сме горди што растеме заедно со нашите клиенти и ја зајакнуваме нашата позиција како еден од водечките финансиски институции во земјата.
Нашата групација вклучува уште три клучни компании и услуги:
Flex Broker – брокерско друштво што преку партнерства со водечки осигурителни компании нуди прилагодени и квалитетни осигурителни решенија
Flex Pay – платформа што ја предводи дигитализацијата на плаќањата и нуди побрзи, поедноставни финансиски трансакции
NAN – услуга која помага при наплата на побарувања на пазарот
„Резултатите за првата половина на 2025 се најдобар показател дека сме на вистинскиот пат. Нашата стратегија секогаш била фокусирана на потребите на клиентите и на стабилен, одржлив раст. Верувам дека со тим како овој ќе постигнеме уште поголеми успеси во следните години. Овој јубилеј не го гледаме само како потврда на она што го постигнавме досега, туку и како поттик за сè што допрва следува. Со тим од повќе од 380 неверојатни луѓе, со стабилни резултати и со инвестирање во нови технологии, „Flex Credit“ продолжува да го гради својот пат како лидер кој го дефинира финансискиот сектор во Македонија,“ истакна ГоранАрсов, ко-сопственик на „Flex Credit“.