Нашата вест

Јоана Спасовска: Лидерството се мери со довербата на 450 вработени и раст од 23% за 2025 година!

15 мај 2026

Јоана Спасовска, генерален директор на Flex Credit: „Лидерството се мери со довербата на 450 вработени и раст од 23% за 2025

Во светот на високите финансии, каде пазарната доминација често се диктира од студени алгоритми и агресивна експанзија, Flex Group ја дешифрираше равенката на новиот капитализам: органски раст во совршена симбиоза со длабока корпоративна емпатија. Со заокружувањето на петгодишниот деловен циклус, групацијата ја зацврсти својата позиција како неприкосновено број 1 финансиско друштво во Македонија, остварувајќи го најголемиот вкупен промет во својот сектор.

Овој успех е поткрепен со импресивен раст од приближно 23% во споредба со 2024 година, и издадени приближно 180.000 кредити. Она што започна како храбра визија на локалниот пазар, денес е дефиниција за одржлив деловен систем кој ја редефинира ефикасноста и го трансформира македонскиот финансиски сектор.

Како дел од менаџментот на Flex Group е Јоана Спасовска, генерален директор на Flex Credit. Под нејзино водство, компанијата еволуираше од храбра фин-тек компанија во екосистем кој денес брои над 450 вработени и мрежа од 110 филијали.

Во ова ексклузивно интервју, Спасовска ја открива стратегијата зад брзиот раст, значењето на „човечкиот капитал“ и зошто иднината на финансиите му припаѓа на финтек моделот

Синергија на пет брендови: Од кредит до финтек револуција и број 1 финансиско друштво во Македонија

Капитал: Flex Group денес не е само Flex Credit, туку претставува комплексен механизам составен од пет клучни компании. Како успеавте да создадете синергија помеѓу толку различни сегменти – од микрокредитирање до осигурување и наплата?

Јоана Спасовска: Клучот е во интегрираното корисничко искуство. Не сакавме да бидеме само уште еден кредитор на пазарот. Сакавме да бидеме партнер во секојдневието на клиентот. Денес, Flex Group ги обединува Flex Credit и Zemi Pari во делот на кредитирањето, Flex Broker во осигурителниот сектор, NAN (Национална Агенција за Наплата) во доменот на финансиската дисциплина и нашата нова финтек ѕвезда – Flex Pay. Секој бренд има своја мисија, но сите работат под ист вредносен код: ефикасност, транспарентност и почит.

Капитал: Растот од 23% во споредба со 2024, несомнено ве позиционира како број 1 финансиско друштво на пазарот, со издадени приближно 180.000 кредити. Што значи оваа бројка во контекст на македонската економија?

Јоана Спасовска: За нас, бројките се само мерило за довербата што граѓаните ни ја укажуваат. Да се биде најголем на пазарот значи и најголема одговорност. Самиот раст од 23% е резултат на нашата стратешка одлука да бидеме максимално достапни. Со над 110 филијали, ние сме присутни буквално во секој град и населба, обезбедувајќи финансиска инклузија дури и таму каде традиционалните банки не се присутни. Тоа е директна инјекција во реалната економија, бројката од 180.000 кредити само го потврдува тоа.

People First“ стратегија: Инвестиција во човечкиот капитал

Капитал: Често истакнувате дека тимот е вашиот најголем капитал. Вашата групација вработува над 450 луѓе, од кои над 90% се жени. Како се менаџира толку голем и специфичен систем?

Јоана Спасовска: Со вложување во знаење. Нашата Flex Group Leadership Academy овозможува јакнење на лидерските и менаџерските капацитети и им овозможува на вработените  да напредуваат и да се развиваат професионално во рамките на системот. Преку неа, се дефинира што значи да се биде менаџер, како се носат квалитетни одлуки, како ефективно се водат тимови и како се гради култура ориентирана кон одговорност и резултати. Нашата Академија не е само тренинг центар; тоа е инкубатор за лидери. Инвестираме во континуирана едукација и менторство затоа што сакаме нашите вработени да растат заедно со компанијата. Наградата за „Најпосакуван работодавач за 2024“ е само потврда дека патот по кој одиме е вистинскиот.

Капитал: Вашата компанија е позната по специфичната грижа за вработените, особено за жените кои го сочинуваат најголемиот дел од тимот.

Јоана Спасовска: Тимот е нашиот најголем капитал, точка. Јас цврсто верувам дека со луѓе се почнува и со луѓе се завршува. Како компанија каде жените се срцето на работењето, воведовме уникатни бенефиции – од бесплатни превентивни прегледи во месецот на женското здравје, до поддршка на семејните вредности. Нашата гордост е и воведувањето на дополнителни седум работни дена платено отсуство за татковците, бидејќи веруваме дека балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот е она што создава долгорочна лојалност.

Капитал: Наплатата на побарувања често се перципира негативно. Како вашата агенција NAN успеа да го смени тој наратив?

Јоана Спасовска: Преку нашиот модел „наплата со достоинство“. Со портфолио кое надминува 20 милиони евра и преку 25.000 предмети, НАН докажа дека емпатијата и етиката се клучни алатки за успех. Нашата цел не е само наплата, туку изнаоѓање практични решенија за должниците за тие повторно да станат економски активни.

Капитал: Во рамките на групацијата, Flex Broker забележа нагла експанзија и трансформација. Како го позиционирате овој сегмент во однос на вашата поширока визија за услуги насочени кон крајниот корисник?

Јоана Спасовска: Во релативно краток период, Flex Broker успеа да се развие во еден од најдинамичните чинители на пазарот, градејќи исклучително силно присуство преку широка и достапна дистрибутивна мрежа низ целата држава. Компанијата денес поставува нови стандарди во начинот на кој се нудат осигурителните услуги, успешно интегрирајќи ги традиционалните со современите продажни канали.

Нашиот фокус останува на транспарентноста и испораката на реална вредност. Бидејќи клиентот е во центарот на стратегијата на целата групација, Flex Broker негува балансирана и рамноправна соработка со сите осигурителни компании, што директно се рефлектира во нашите резултати. Паралелно, инвестираме во дигитализација и напредни аналитички решенија со една јасна цел: да бидеме модерен брокер кој ги става потребите на клиентот во центарот на секоја донесена одлука.

Капитал: Оваа година Flex Group го зазема приматот во однос на останатите финансики друштва. Каде ја гледате Flex Group во наредните пет години?

Јоана Спасовска: Како европски бренд кој доминира со иновативноста. Сакаме да го запечатиме Flex Group како европски бренд кој нуди брзина, сигурност и иновација. Мојата визија е јасна: да останеме лидери кои го движат пазарот напред, секогаш чекор пред времето, но никогаш не заборавајќи дека во центарот на секоја трансакција стои човек. Сакам Flex Group да биде синоним за доверба, а нашите вработени и клиенти да кажат: „Да, Flex навистина се грижи за нас“.

 

Последни вести

Износ: 40,000 денари
Рок: 6 месеци