Новa филијала на Флекс Кредит во Куманово – сè на едно место!
Флекс Кредит ја најавува својата нова филијала во Куманово, лоцирана на улица Ленинова 20А. Со ова проширување, компанијата продолжува да ја следи својата мисија – да биде што поблиску до клиентите и да обезбеди практични, брзи и достапни финансиски решенија во секојдневниот живот.
Во новата филијала, граѓаните имаат пристап до три вида услуги: потрошувачки кредити, брокерски услуги за осигурување и менувачко работење. Потрошувачките кредити се достапни со едноставна процедура и брза исплата, наменети за секојдневни трошоци, планирани набавки или итни потреби. Брокерските услуги опфаќаат животно, имотно, здравствено, домаќинско, каско и автоодговорност осигурување. Дополнително, менувачкото работење овозможува сигурна и практична размена на валути, со поволни курсеви и брза услуга.
Филијалата е отворена секој работен ден од понеделник до петок, од 09:00 до 19:00 часот, и во сабота од 09:00 до 14:00 часот. За дополнителни информации, клиентите можат да се јават на телефонските броеви 075 231 233 и 075 324 450.
Тимот на Флекс Кредит во Куманово е подготвен да ги пречека клиентите со професионална услуга, одговор на сите прашања и целосна поддршка во процесот на избор на соодветна финансиска или осигурителна услуга. Со оваа нова локација, Флекс Кредит уште еднаш го потврдува своето присуство како стабилен и сигурен партнер на клиентите ширум земјата.