Flex Credit има повеќекратна улога во локалната економија. Прво би рекол дека имаме клучна улога во финансиската инклузија. Работиме и таму каде што класичните банки не се присутни, обезбедувајќи пристап до финансиски услуги за луѓе и бизниси кои инаку би останале на маргините. Потоа вработувањето, со повеќе од 380 вработени и широка филијална мрежа, ние сме еден од најголемите приватни финансиски работодавци во земјата. И секако, придонесот за заедницата. Преку нашите производи луѓето инвестираат во своите домаќинства, образование или сопствени бизниси. Тоа е директна инјекција во реалната економија, која создава долгорочна вредност за сите.
„Иднината на финансискиот сектор ја гледам во комбинација од дигитализација, персонализирани услуги и ESG стандарди. Клиентите сè повеќе очекуваат брзи, сигурни и флексибилни решенија, но истовремено сакаат да знаат дека компаниите со кои работат се одговорни и кон заедницата, и кон околината. Ние веќе се движиме во таа насока. Во свет што брза кон дигиталното, ние не забораваме што значи доверба во луѓето, во локалната економија и во иднината што ја градиме заедно“
5 години Flex Credit – како се гради стабилен систем во време на економска неизвесност?
Арсов: Да се одржи стабилен раст пет години во континуитет, во услови на економска неизвесност и постојани промени на пазарот, не е случајност. Тоа е резултат на стратегија која од првиот ден беше насочена кон градење систем, а не само компанија.
Flex Credit денес има над 380 вработени, повеќе од 100 филијали и портфолио од неколку брендови, но суштината не е во бројките, туку во принципите врз кои ги изградивме. Ние верувавме дека клиентот треба да има партнер на кој може да се потпре, компанија што е блиска, транспарентна и фер. Тоа беше и останува нашата водилка.
Во секој почеток има неизвесност и ризик, но кога имате јасна визија и не отстапувате од сопствените вредности, тогаш системот станува стабилен и отпорен на кризи. Токму затоа, Flex Credit денес е препознаен како компанија што создава доверба, и тоа за нас е најголемиот успех.
Flex Credit е многу повеќе од финансиско друштво. Што сè опфаќа компанијата?
Арсов: Flex Credit беше почетната точка. Но, многу брзо сфативме дека луѓето не бараат само кредит – тие очекуваат сигурност, брзина и услуги што ќе им го олеснат секојдневието. Токму затоа, слушајќи ги потребите на населението го насочувавме развојот на нашата групација.
Прво се појави Земи Пари, како бренд насочен кон друга клиентска група. Потоа со Flex Broker влеговме во осигурителниот сектор, преку партнерства со водечките компании во земјата, затоа што кредитот и осигурувањето се логични партнери.
Во моментов најмногу енергија вложуваме во Flex Pay, финтек платформа што треба да ја донесе следната генерација на дигитални финансиски услуги, од трансакции и парични трансфери, до решенија што ќе ја редефинираат брзината и достапноста на услугата. Со ексклузивниот договор со Ria Money Transfer веќе имаме силна меѓународна поддршка и капацитет за глобални трансакции.
Дел од екосистемот е и Национална агенција за наплата НАН, која обезбедува финансиска дисциплина и контрола. Нашата визија е да изградиме затворен, интегриран систем, кој ќе ги покрива сите сегменти од личните и микро-финансиите. Така стануваме повеќе од финансиско друштво – стануваме партнер за секојдневниот живот на клиентот.
Flex Credit денес има над 380 вработени, повеќе од 100 филијали и портфолио од неколку брендови, но суштината не е во бројките, туку во принципите врз кои ги изградивме. Ние верувавме дека клиентот треба да има партнер на кој може да се потпре, компанија што е блиска, транспарентна и фер. Тоа беше и останува нашата водилка.
Какви резултати бележите оваа година? И што покажуваат тие за пазарот?
Арсов: Првата половина од 2025 ја завршивме со резултати кои се во рамките на нашите планирања. Растеме во сите сегменти – и по број на клиенти, и по обем на издадени кредити, но исто така и во квалитетот на услугата.
Најважното за нас е што овој раст не е моментален, туку стабилен, дури и во услови на економска неизвесност. Тоа покажува дека системот што го изградивме има вистинска отпорност.
За мене, бројките се само дел од приказната. Вистинската вредност е во довербата што клиентите ни ја укажуваат секој пат кога склучуваат договор со нас. Тоа значи дека нè препознаваат како фер, достапни и доследни партнери. А во финансискиот сектор, токму таа доверба е највредната метрика.
Колку важна улога игра човечкиот капитал во оваа приказна?
Арсов: Најважна. Без двоумење. Финансискиот сектор, особено микрофинансирањето, не е само производ и технологија туку и услуга, емпатија, разбирање и комуникација. Горди сме на тимот од 380 колеги кои не само што работат во компанијата, туку и навистина живеат со неа.
Инвестираме многу во нивниот развој преку сопствената Бизнис Академија, менторски програми, обуки, но и преку доверба и постојано слушање. Нашиот слоган оваа година беше: „Признаваме не можеме без вас“. И тоа не беше маркетинг, туку искрена благодарност до сите кои секој ден ја движат компанијата напред.
Загрижува презаситеноста со краткорочни играчи без јасна визија, но евидентни се сигналите за регулација од Министерството за финансии. Веќе се донесени редица мерки и правилници со чија примена сериозните компании добиваат фер простор да растат, а несериозните постепено исчезнуваат од пазарот. Јас верувам дека со јасна вредност, транспарентни услови и постојано унапредување, секој сериозен играч може да опстане, дури и да биде пред времето.
Дигитализацијата е тема број еден во светот. Како гледате на дигитализацијата во вашата индустрија, и како се носите со ризиците што ги носи?
Арсов: Дигитализацијата денес не е избор, таа е патека по која мора да се оди. Но, ние цврсто веруваме дека автоматизацијата никогаш не смее целосно да ги исклучи разбирањето и поддршката што произлегуваат од контакт со човек. Затоа нашата стратегија е хибридна, клиентот треба да има избор дали ќе добие услуга преку апликација или во филијала, со ист квалитет и сигурност.
Во таа насока ја развивме и Flex Pay, платформа која овозможува едноставни, брзи и безбедни дигитални трансакции. Преку интеграции со глобални партнери, таа не само што го олеснува секојдневието на клиентите, туку и ја зајакнува отпорноста на системот. Така дигитализацијата станува алатка што ја надградува довербата, а не ја заменува човечката врска.
Каква улога има Flex Credit во локалната економија?
Арсов: Повеќекратна. Прво би рекол дека имаме клучна улога во финансиската инклузија. Работиме и таму каде што класичните банки не се присутни, обезбедувајќи пристап до финансиски услуги за луѓе и бизниси кои инаку би останале на маргините.
Потоа, вработувањето. Со повеќе од 380 вработени и широка филијална мрежа, ние сме еден од најголемите приватни финансиски работодавци во земјата.
И секако, придонесот за заедницата. Преку нашите производи луѓето инвестираат во своите домаќинства, образование или сопствени бизниси. Тоа е директна инјекција во реалната економија, која создава долгорочна вредност за сите.
Што ве загрижува во индустријата, а што ве мотивира?
Арсов: Индустријата станува сè поконкурентна, а клиентите сè поинформирани. Што е добро затоа што, можеби е поголем предизвик да ја задржиш доверба во време кога финансиските услуги се сè повеќе дигитални, а понудата е огромна. Но, ако нудиме квалитет и транспарентност, клиентите свесно и информирано ќе ја направат селекцијата.
Би рекол дека загрижува презаситеноста со краткорочни играчи без јасна визија, но евидентни се сигналите за регулација од Министерството за финансии. Веќе се донесени редица мерки и правилници со чија примена сериозните компании добиваат фер простор да растат, а несериозните постепено исчезнуваат од пазарот. Јас верувам дека со јасна вредност, транспарентни услови и постојано унапредување, секој сериозен играч може да опстане, дури и да биде пред времето.
Flex Credit e присутен во регионот. Бугарија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Шпанија и од скоро Црна Гора. Какви се вашите планови за меѓународно позиционирање?
Арсов: Имаме јасна слика како функционираат различни пазари и колку е важно да се адаптираш, без притоа да ја изгубиш суштината на брендот.
Нашата следна цел е Западна Европа. Веќе работиме на истражувања за влез во држави со поразвиена економија и финансиски стандарди. Со тоа сакаме да го „запечатиме“ Flex Group како европски бренд, препознатлив по својата стабилност и иновативност.
Посебно значајно е што ова меѓународно позиционирање ќе отвори нови можности и за нашите вработени. Планираме експатска програма преку која дел од тимот ќе може да работи и живее надвор од државата, да стекне знаење и искуство кое потоа ќе ги донесе дома. Веруваме дека токму ова споделување на know-how ќе придонесе не само за развој на компанијата, туку и за подигнување на целиот локален финансиски пазар на повисоко технолошко и квалитативно ниво.
Каде ја гледате иднината на финансискиот сектор? Кои се трендовите и очекувањата за нареден период?
Арсов: Иднината на финансискиот сектор ја гледам во комбинација од дигитализација, персонализирани услуги и ESG стандарди. Клиентите сè повеќе очекуваат брзи, сигурни и флексибилни решенија, но истовремено сакаат да знаат дека компаниите со кои работат се одговорни и кон заедницата и кон околината.
Ние веќе се движиме во таа насока. Подготвуваме нови дигитални алатки кои ќе овозможат полесно управување со кредити, целосна транспарентност и мобилни услуги за брзо плаќање. Со Flex Pay веќе покажуваме како може да изгледа финтек решението на иднината, а во наредниот период ќе најавиме и дополнителни иновации.
Верувам дека токму оваа комбинација од технологија, персонализација и одговорност ќе стане нов стандард. За нас, тоа значи обврска постојано да бидеме чекор пред времето и да покажеме дека финансиските услуги можат да бидат и модерни, фер и општествено одговорни.
И за крај – како би сакале Flex Credit да изгледа за 5 години од сега?
Арсов: Би сакал да бидеме пример за одржлив раст, дигитална зрелост и човечка блискост. Сакам Flex Credit да биде синоним за доверба без разлика дали станува збор за кредит, трансфер на пари, осигурување или партнерство. И најважно, сакам нашите вработени и клиенти и по 10 години да кажат: „Да, Flex навистина се грижи за нас.“