Во секое време на некој од нас му се потребни повеќе парични средства за да може да ги исполниме целите кои сме ги замислиле или пак да се соочиме со некои непредвидени трошоци кои можат да излезат на нашиот пат до успех. Секогаш треба да сме спремни и да ги планираме и буџетираме нашите приходи и воедно да сфатиме како да дојдеме до уште повеќе пари за уште поудобен и пријатен живот.
Како компанија која се занимава со микро кредитирање и издава кредити на краток и на долг рок, многу добро ги знаеме потребите на нашите клиенти и се разбира токму затоа имаме креирано продукти кои одговарааат на нивните најчести потреби. Не секогаш успеваме да се избориме со месечните трошоци и ќе имате потреба од брз микро кредит. Неколку совети кога одбирате компанија за кредитирање.
Разгледајте го внимателно производот или пак услугата која сакате да ја ползувате. Видете ја цената на истата и размислете како можете да си ја дозволите. Дали ќе биде превисока за едно плаќање или пак можете да си ја дозволите на рати. Ако можете трошокот да го покриете со средства до плата, тогаш би Ви ги препорачале нашиот микро кредит до плата. Одлична можност да земете пари на краток рок по ваш избор од 14, 30 или пак 45 дена и плаќањето на овој брз кредит да го направите еднократно. Аплицирањето е брзо, одобрувањето исто така и можете парите да ги имате уште истиот ден. По договорениот рок по ваш избор го отплаќате целосно кредитот а ако не сте во можност истото да го направите, секогаш ја нудиме можноста за одложување на ратата.
Доколку пак износот на трошокот кој Ви претстои е повисок и еднократниот износ од брзиот кредит е премногу за Вас да го исплатите одеднаш тука е нашиот брз кредит на рати. Сума која може да ја разделите на неколку месеци и плаќањата да не го оптоварат вашиот месечен буџет. Тука на овој брз кредит сумите кои ги нудиме се до 100000 денари со рок на отплата до 10 месеци, доволно за сите ваши очекувани и неочекувани трошоци.