На 25 јуни 2025 година се одржа првото извлекување на добитниците од големата Наградна игра на FlexCredit – „Признавам, не можам без тебе“.
Извлекувањето беше спроведено во просториите на компанијата, со систем за случаен избор на добитници, а регуларноста на целиот процес беше надгледувана од тричлена комисија.
Секое лице – корисник на кредит, кое склучило договор за кредит во периодот од 09.06.2025 до 20.08.2025, автоматски се стекнува со право на учество во наградната игра, со користење на некој од следните производи:
- Потрошувачки кредит: од 6.000 до 600.000 денари, на 60 рати
- Паралелен кредит: еднократен (3.000 – 50.000 денари) или на рати (6.000 – 150.000 денари), до 16 рати
- Фиксирај рата со прием на плата: од 6.000 до 300.000 денари, на 24 рати
- VIP Legal Entity кредит: од 20.000 до 200.000 денари, до 30 дена
Во првото коло (09.06-24.06) беа извлечени двајца добитници, секој со ваучер во вредност од 55.000 денари:
- Марко Р., договор бр. 600216
- Даниела Т., договор бр. 594759
Им честитаме на среќните добитници